Искористете ги протеините од млекото и јогуртот во служба на здравата кожа

Комбинацијата на малку млеко или јогурт со неколку капки природно органско масло по избор е полн погодок доколку сакате да ја негувате кожата на сосема природен начин.
Млекото е многу ефикасно доколку имате реакција на одредени производи за нега и чистење на лицето која се манифестира со јадеж и црвенило. Тоа има моќ да ги исчисти и најдлабоките слоеви на кожата од наталожените нечистотии и маснотии.

Слично дејство има и јогуртот. Тој ја враќа свежината на лицето, овозможувајќи таа да ја задржи својата елстичност и мекост. Кожата многу лесно ги впива протеините кои во себе ги содржи јогуротот па затоа неговата употреба е особено препорачлива доколку сакате да ги намалите борите околу очите или ако сакате да ја регенерирате кожата оштетена од алергија, осип или егзема.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk