Истражување: Вербалните караници помеѓу родителите го оштетуваат детскиот мозок

Секое непријатно доживување во рамките на семејството за детето претставува своевидна траума која може да предизвика трајни последици врз неговиот развој.
Многумина родители, вербалните расправии пред децата не ги сметаат за нешто сериозно и опасно, но најновите истражувањаа покажуваат дека тој тип на непријани случки во рамките на семејството во најголема мера влијаат негативно врз детскиот развој.

До оваа констатација, британските научници дошле со помош на детално и опсежно истражување кое вклучува цели семејства, при тоа пристапувајќи кон анализа на односите помеѓу родителите и магнетно скенирање на мозоците на нивните деца на воздраст од 17 осносно 19 години. Вкупно опфатени биле 1200 деца.

Испитувањата покажале дека оние деца кои што во периодот пред својата 11 година имале трауматични искуства поттикнати од семејни несогласувања, во тинејџерскиот период од животот имаат помала маса во оној дел од мозокот кој што е заслужен за учење и контролирање на емоциите и стресот. При тоа под трауматични искуства се подразбираат вербални расправии, константни несогласувања помеѓу родителите и постоењето на константна тензија во домот.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk