Истражување: Мобилните телефони можат да бидат и 18 пати понечисти од даската на тоалетната школка

Уредот кој често го држите недалеку од устата содржи многу повеќе бактерии отколку што можете да си замислите.

Според истражувањата спроведени во рамките на Универзитетот Станфорд, одредени мобилни телефони се за 18 пати понечисти од даската на тоалетната школка и на нивната површина можат да се најдат повеќе бактерии од површината на плочките во јавниот тоалет.

Истото истражување со сигурност докажало дека извесен број од бактериските заболувања, особено ешерихија коли и стрептококата која предизвикува воспалување на горните дишни патишта се токму предизвикани од нечистите мобилни телефони.

Токму затоа е многу важна редовнатата дезинфекција на мобилните телефони, многу почесто од тоа колку ние вообичаено го практикуваме.

Но, сигурно се прашувате како може да го исчистите мобилниот телефон без да го оштетите?

Слабо навлажнетата тенка ткаенина е одличен избор за да им речете чао на бактериите.
Натопете парче тенка памучна ткаенина во раствор од вода и изопропил алкохол, добро истискајте го вишокот течност и со неа избришете го телефонот.

Многу е важно добро да го исцедите парчето ткаенина, да бида влажно но никако да не се цедат капки течност од него дури и при посилен притисок.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk