Истражување: Породувањето ја зголемува интелегенцијата кај жените

По породувањето секоја жена доживува мало препородување.

Без разлика колку и да е млада, новата мама станува зрела личност и на еден извесен начин помудра. Научниците докажале дека во текот на бременоста кај голем број жени вниманието попушта, но откако ќе се породат кај жените се случува нешто неверојатно – мозочните ќелии зајакнуваат а интелегенцијата се подига на повисоко ниво.

Група психолози од Мериленд направила истражување во кое биле вклучени вкупно 19 бремени жени, од кои 10 родиле момчиња а 9 од нив родиле девојчиња.

Со помош на ЕЕГ се извршило мерење на мозочната активност за време на бременоста и по породувањето. Со помош на тие мерења тие докажале дека по породувањето кај жената доаѓа до пораст на сите мозочни ќелии, забрзување на мозочната активност и зголемување на интелегенцијата. До тоа најверојатно доаѓа поради привикнувањето на обврските што се појавуваат во нивниот живот сега кога се мајки.

Бебето во домот бара побрзи реакции, инстинктивност и спретност. Најголем причинител за зголемување на мозочниот капацитет по породувањето е среќата ги обзема мајките секогаш кога ќе го видат тоа преслатко мало бебенце во нивната прегратка како и промената на нивото на хормони во организмот што предизвикува бури од емоции.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk