Истражување: Тежината на мајката е ризик фактор за предвремено породување

Истражувањата покажале дека постои тесна поврзаност помеѓу телесната тежина на мајката која боледува од дијабетес или хипертензија со предвременото породување.
Докторката Аријана Буаве, од педијатрискиот одел на Канадската универзитетска клиника спровела истражување во кое била следена состојбата на новороденчињата родени пред термин, односно пред 36 гестациска недела. Нивната состојба истовремено била споредувана со состојбата во која што се наоѓале новороденчињата родени во термин. Исто така биле следени и 554 жени кои што се породиле пред 32 недела од бременоста и 16,714 жени кои што се породиле во предвидениот термин.

Меѓу жените кои што се породиле пред 32 гестациска недела, 2,4 % од нив имале зголемена телесна тежина и гестациски дијабетес, кај 1,8% е забележан проблем со прееклампсија во текот на бременоста независно од тежината.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk