И децата треба да помагаат во извршувањето на домашните обврски

Доделувајќи му обрвска на детето да заврши некоја задача во домот  родителите делуваат позитивно врз развојот на детето од аспект на создавање на работни навики и чувство за одговорност.
Најважно е родителите да проценат кои работни обврски се во согласност со возраста на детето.

Ако на детето му се довери задача која не се чувствува способно да ја изврши, тогаш се постига контраефект – кај детето се буди чувство на несигурност и неспособност што прави да се чувствува лошто и исфрустрирано.

Детето на возраст од две години може, на пример, да ги собере помалите играчки растурени по подот или пак да донесе пелена за него или неговото помало братче или сестриче и сл.

Детето на возраст од три години може да се вклучи во процесот на подготовка на храната, на пример да ви подава некои намирници кои во моментот ви се потребни, да меша со лажица доколку не станува збор за топла храна, да сипува брашно, сол, шеќер во јадењата и сл.

Четири годишните деца се одлични помагачи во домот кога станува збор за бришење прашина, поставувањето на трпезата, средувањето на сопствената соба и сл. Можете, доколку имате двор, да го насочите и кон активности поврзани со одржување на дворот.

На пет години децата веќе можат самостојно да ја подготват масата за јадење, да го наместат својот кревет, да се погрижат за домашните милинеци и сл.

Сепак, имајте во предвид, дека вклучувањето на детето во работните обврски низ домот не треба да го чувствува како терет и не треба да го заморува. Не дозволувајте да го претрупате со работни задачи и да му го ускратите безгрижното детство. Дозирајте ги работните обврски на тој начин што за детето ќе претставуваат забава и секогаш пофалете го кога добро ќе ја исполни задачата.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk