И за мажите отчукува биолошкиот часовник

Новите истражувања велат дека проблемот со брзото темпо на отчукување на биолошкиот часовник не е проблем со кој што се соочуваат само жените.

Оваа грижа ја споделуваат и мажите, чиј часовник со забрзано темпо отчукува по триесет и петтата година од животот.

Од тој период започнуваат да се случуваат низа промени пред се во состојбата на ДНК во клетките на спермата. Тие промени кои можат да предизвикаат оштетувања во составот на ДНК, како одминува времето стануваат се поинтензивни што може да резултира со стерилитет.

Уролозите сметаат дека бројноста на сперматозоидите драстично се намалува со стареењето на мажот и при тоа се зголемуваат можностите за евентуални генетски проблеми кај фетусот.

Но тоа секако, во никој случај не значи дека мажите постари од 40 години треба да престанат со обидите да станат татковци.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk