И здравата храна може да му наштети на организмот

Објавено на: Feb 16, 2017 од Мама Весна

Се си има свои предности и мани. Тоа важи и за исхраната, па дури и за онаа здравата. Ви откриваме во кој случај здравите намирници и не се толку ефикасни за вашиот организам како што би очекувале.

Здравата исхрана секако е препорачлива. Меѓутоа, ако јадете постојано една иста намирница, тоа не е добро. Балансираната исхрана е онаа која содржи адекватни количини на десетина различни хранливи состојки кои се потребни за вашиот организам. Тоа е невозможно да се постигне ако не консумирате широк спектар на овошје и зеленчук, житарици и протеини.

Покрај тоа, кај честите косумирања на исти намирници се заканува уште една опасност. Вашата исхрана може едноставно да ви здодее што може да предизвика желба за некои други, помалку здрави, намирници.

Најдобро е да ја освежувате исхраната. На пример, зеленате салата заменете ја со салата од виолетова зелка или пробајте некое ново егзотично овошје. Во секој случај – експериментирајте.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…