И осветлувањето влијае врз можноста за забременување

Научниците во рамките на Здравствено-истражувачкиот центар при универзитетот во Тексас спровеле истражување на темата како осветлувањето влијае врз плодноста, односно врз можноста за забременување кај жените.
Според нив, темнината во текот на ноќните часови е од големо значење за оптималното репродуктивно здравје на жените.

Професотот Расел Рајтер, раководител на истражувањето нагласува дека нивото на мелатонин и урамнотежениот дневен биоритам се елементите кои влијаат врз можноста за забременување. Тој вели, дека секогаш кога ќе го запалиме светлото во текот на ноќта ја налуваме количината на мелатонин во организмот.

Мелатонинот е хормон на епифизата кој ги штити јајниците од дејството на слободните радикали, особено кога жените се во овулација. Доколку жените сакаат да забременат неопходно е најмалку осум часови во текот на ноќта да поминат во затемнета просторија без осветлување за да се сочува оптималното ниво на мелатонин. Циклусот на светлина треба да се задржи во текот на денот но не и во текот на ноќта бидејќи во спротивно можно е пореметување на биолошкиот часовник кај жените.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk