И при детската игра има правила кои треба да се почитуваат

Играта е многу важна за развојот на децата, но и тука има некои правила кои треба да се почитуваат. Она што родителите треба да го знаат е да не им наметнуваат на децата стандарди на возрасни.

Немојте постојано да ги потсетувате децата дека треба да си ги чуваат работите односно, боиците, боенките и тетратките. Тоа може да предизвика контра ефект.

Важно е да не поставувате строги правила, не ги ограничувајте нив и нивната слобода, на тој начин ги кочите креативноста и оригиналноста.

Вашата улога како родители е да ги рушите стереотипите како оние дека момчињата си играат само со топка, а девојчињата со кукли.

Исто така не искажувајте негативни ставови спрема детската игра, сметајќи ја за губење време, но и не користете монотни фази при фалење на детето.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk