И хормоните се виновни за зголемениот апетит

Постои хормон кој во човековиот организам делува како преносител на информацијата дека сме гладни до мозокот и практично диктира колку храна ни е потребна во зависност од телесната градба и животните навики.
Тој хормон се нарекува грелин, познат како хормон на гладот и апетитот и се лачи во клетките на желудникот, како и во клетките и епителот на цревата. Токму поради тоа, кај луѓето што имаат екстремна гојазност се препорачува намалување на обемот на желудникот по оперативен пат. Освен што се намалува неговата големина истовремено се намалува бројот на клетки кои што го лачат овој хормон виновен за постојаното чувство на глад.

Кога сме гладни нивото на грелинот е исклучително висок. Како таков тој ги стимулира клетките на мозокот кои испраќаат сигнал дека треба да јадеме. Во нормални околности нивото на овој хормон кога ќе се најадеме драстично опаѓа и останува на ниско ниво се додека има храна во желудникот. Но не е секогаш така. Кај гојазните луѓе овој хормон се смета дека е дефектен бидејќи не секогаш неговото ниво опаѓа откако ќе се внесе нова количина храна во организмот и не носи чувство на ситост.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk