Каде грешат родителите кога исхраната на децата е во прашање

Објавено на: Jan 03, 2017 од Мама Силвана

Разновидна, добро избалансирана исхрана која содржи потребна количина на протеини, јаглехидрати, корисни масти, витамини и минерали обезбедува правилен раст и развој на децата, добро здравје и доволно енергија.

Многу родители се загрижени поради прибирливост на децата, стануваат крајно попустливи и им даваат храна која само тие ја сакаат.

Други родители пак форсираат, инсистираат, контролираат и следат. Но секоја од овие тактики, се враќа како бумеранг.

Склоноста на децата во исхраната се менува секој ден. Апетитот и гладот се различни работи.

Гладот е знак дека на телото му е потребна енергија, а апетитот е научено однесување, кое вклучува задоволство и други емоции врзани за храната.

Гладот се јавува на раѓање додека апетитот се развива со тек на време.

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…