Каде смееме да патуваме со мали бебиња

Објавено на: Oct 09, 2016 од Мама Силвана

Пред патување, доколку патувате во странство, проверете дали бебето ги примило сите потребни вакцини. Ако патувате во егзотични земји, веројатно и вие и бебето ќе мора да примите посебни вакцини против тифус или превентивна постапка за да се избегне маларија или хепатитис А.

Препорачливо е пред патување да се изврши контрола на детето кај педијатар. Поразговарајте со него за патувањето и дестинацијата.

Доколку бебето има хронично заболување, задолжително проверете со лекар и специјалист дали смее да патува таму каде што сте се упатиле. Исто така направете ги сите потребни контроли и преземете ги сите превентивни мерки кои лекарот ги препорачува за да не дојде до влошување на состојбата за време на патувањето.

Можете да го замолите педијатарот да ви препорача некој лекар од местото каде што патувате.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…