Каква моќ имаат бремените жени

Бременоста е состојба која носи физички и психички промени. Иако за многумина првите неколку месеци може да се тешки, треба да ги знаете позитивните страни на оваа состојба. Ова се шесте супер моќи кои ги поседува една трудница.

Моќта на големите гради – иако многумина на почетокот може да се во шок и првите неколку денови да незнаете како со нив, супер цврстите гради едноставно мора да си ги сакате. Искористете ја женственоста и уживајте во промените.

Моќта на наследството – бременоста е најубавиот подарок. Вашата баба била бремена, вашата мајка била бремена и сега сте вие. Тоа е одлично чувство.

Моќта на комуникацијата – можеби неможете да комуницирате со духови, но чувството дека во вас расте живот и дека може да зборувате со него е чувство кое неможе да се спореди со ништо.

Моќта на бесрамното уживање во храна – уживањето во вксуни десерти во ноќните часови без да се каете е можност која не се пропушта.

Моќта на искористувањето – искористете ја бременоста во ваша корист, дозволете му на сопругот да ги измие садовите, алиштата, да оди во продавница и да зачисти позади вас. Кој знае кога тоа повторно ќе се случи.

Моќта на дуплирањето – можете ли да замислите какво е чувството дека на свет ќе донесете некој кој што ќе има исти очи, коса, глас или пак ќе се оденсува како вас?

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk