Каква физичка активност се препорачува кај децата кои боледуваат од кардиопатија

Децата кај кои што е забележана умерена тешка или тешка форма на кардиопатија треба да практикуваат ограничена и умерена физичка активност.
Пожелно е да им се ограничи искачувањето по угорници, како пеш така и возејќи велосипед. Во тој контекст, како физичка активност се исклучува и планинарењето. Исто така не е пожелно детето со ваква форма на кардопатија активно да спортува. Од друга страна пак, доколку станува збор за некоја полесна форма на кардиопатија која не го оптеретува срцето до таа драстична мерка, се дозволува нормален начин на живот кој подразбира не постоење на ограничување во физичките активности. Во тој контекст дозволени се часовите по физичко образование во рамките на училишните активности, пливањето и возењето велосипед.

Доколку има потреба од хируршка интервенција, по операцијата на детето треба да му се ограничат сите физички активности. Мирувањето е задолжително во периодот од четири до шест недели постоперативно.

Во поглед на можноста за патување, на децата со кардиопатија начелно не им се забранува патувањето. Престојот на море или планина не би имале неповолни влијанија врз здравјтето на детето. Сепак децата треба да ги избегнуваат најтоплите периоди и места со премногу влажна морска клима која што би придонела да се потенцира тешкото дишење и дехидратацијата.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk