Каков плод од авокадо да одберете за подготовка на бебешките кашички

Авокадото не одзема многу време за подоготовка, бидејќи не бара термичка обработка, а придонесува бебешката храна да биде богата со вкусови и витамини.

Тоа има исклучителна хранлива вредност која е слична на одредени јаткасти плодови и е богато со витамини и масти.

При купувањето на авокадо обратете внимание тоа да биде со темно зелена боја и под прстите да е меко, но не премногу меко. Ако е премногу меко тогаш плодот е презреан и не е добар избор за конзумација.

Тврдото авокадо можете да го купите и да го оставите на собна температура два до четири дена да созрее. Дури тогаш употребете го во подготовката на бебешките кашички.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk