Како алергиите на сонце се манифестираат на детската кожа

Промените кои се случуваат на кожата се нарекуваат примарни фотодерматози и се јавуваат во вид на осип,, а постојат и некои други кожни промени кои се последица на изложувањето на сонце. Тоа  е релативно честа појава кај 10 до 20 отсто од здравите лица.

Истражувањата покажуваат дека дури 50 отсто од ваквите алергии на сонце се наследни. Ако родителите се склони, тоа значи дека и кај децата постои голема можност за појава на таков проблем.

Алергијата на сонце се манифестира како надразнувачки осип на вратот, рацете и нозете најчесто неколку часа по изложување на сонцето.

Настанува како одговор на имуниот систем кои некои компоненти на исунчаната кожа се препознаваат како страни тела поради што има одговор во вид на алергиска реакција во вид на осип. Може да се појават и пликови или некои други кожни промени. Осипот вообичаено има изглед на убод на инсекти.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk