Како “бабите” предвидуваат дали носите момче или девојче?

Следуваат неколку интересни митови кога станува збор за предвидување на полот на вашето бебе пред да се роди.

Постои голема веројатност да носите момче доколку:

⦁ срцевите отчукувања на бебето се под 140 во минута
⦁ ако постојано имате желба да бидете во движење
⦁ ако сте се разубавеле во текот на бременоста ( сите трудници се убави зарем не? )
⦁ не повраќате во првите три месеци од бременоста
⦁ левата дојка ви е поголема од десната
⦁ сакате да јадете солена и лута храна (особено месо и сирење)
⦁ нозете ви се постојано ладни
⦁ ако вашата коса добие сјаен изглед
⦁ ако трудничкиот стомак има округла форма
⦁ ако имате почести главоболки
⦁ ако влакната на телото ви растат побрзо од пред да забремените
⦁ сте имале страствен секс со партнерот во периодот кога е зачнато бебето
⦁ јадете повеќе лук и потоа кожата ви мириса на лукот
⦁ доколку првиот збор на вашето постаро дете било “дада”

 

Поголема е веројатноста дека носите девојче доколку:

⦁ срцевите отчукувања на бебето се над 140 во минута
⦁ страдате од утрински мачнини во првите месеци од бременоста
⦁ десната дојка ви е поголема од левата
⦁ трудничкиот стомак има шилест облик, односно ако е испакнат нанапред
⦁ ако сакате да јадете благо
⦁ сте полошо расположени од претходно
⦁ сте биле романтични во периодот на зачнување на бебето
⦁ ако јадете лук а кожата потоа не ви мириса на лук
⦁ првиот збор што го кажало вашето постаро дете било “мама”
⦁ се појават акни и темни флеки на кожата на лицето кај трудницата ( девојчето во утробата ја „краде“ убавината од мајката )

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk