Како бременоста ги менува менталните способности на жените

Објавено на: Jan 09, 2017 од Мама Ане

По спроведувањето на неколку истражувања, научниците откриваат дека жените кои што го добиле своето прво дете по 24 година од животот постигнуваат подобри резлутати на тестовите за ментална стабилност и вербални вештини во споредба со оние жени кои за прв пат станале мајки во периодот од 15 до 23 година од животот.

Од друга страна пак, жените кои станале мајки по 35 година постигнале подобри резултати на тестовите за меморија и распознавање.

Сите тие вештини со кои располагаат мајките, според научниците се поврзани со промените во нивото на хормони, особено на естогенот и прогестеронот до кои доаѓа во текот на бременоста.

Овие промени докажано влијаат на хемискиот состав на женскиот мозок како и на неговата функција, особено ако бременоста настапи во подоцнежните години од животот на жената.

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…