Како вагината природно да биде здрава

Објавено на: Jan 03, 2017 од Мама Силвана

Многу производители за интимна хигиена тврдат дека нивните производи ја одржуваат киселоста на вагината иако за тоа немаат ниту еден доказ. Со неколку важни совети, можете да ги избегнете вагиналните проблеми.

Бришење после туширање или по одење во тоалет се чини како вообичаена тривијалност, но треба да се знае како треба.

Бришете се од напред кон наназад, бидејќи ако се бришете од наназад кон напред ги зголемувате шансите бактериите од анусот да дојдат до вагината. Тоа може да предзвика бактериска вагиноза, инфекција која е карактеристична по мирис на риба и чешање. Исто така може да се јави и печење за време на уринирањето

Со помош на освежувачите на вагината, вагиналната микрофлора ја изложувате на различни супстанци.

Најголем број од сапуните се неутрални, но кога премногу ја миете вагината со сапун, природната состојба се менува. Се создава можност за различни микроби кои почнуваат да се развиваат, предизвикувајќи бактериска вагиноза и габична инфекции.

Одредени супстанци во сапуните и геловите исто така можат да ја изиритираат вагината. Најдобро е за миење да користите чиста вода и сапун без мирис.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…