Како да бидете смирени родители

Децата се слатки, прекрасни, смешни и полни со љубов.

Но истовремено се и некој кој 24/7 не можете да го вразумите, кој вреска секој пат кога нема да биде по негово, а истовремено не е способен да ви каже што точно сака, кој намерно се обидува да биде потежок кога го кревате во раце… едноставно тој некој на моменти сакате да го треснете од земја.

Се разбира ни вие не сте од камен, но откако ќе се развикате по вашето дете не може а да не ве мачи грижа на совест, бидејќи сепак си имате работа со беспомошно суштество. Она што ви останува е да научите како да бидете посмирени родители.

Дадете си оддишка

Ако сте со вашето дете цело време, тогаш никогаш немате време да ги наполните батериите и секако кога тогаш ќе ви се потроши трпението. А кога ќе станете многу лути не сте баш во состојба да донесувате рационални одлуки. Зошто? Затоа што секоја силна емоција го блокира јасното рационално размислување.

Откако ќе станете многу лути, на вашиот ум и тело му требаат околу 30 минути за целосно да се смири. Па дури и ако се чувствувате смирени по десет минути, сеуште се психолошки напнати, што значи дека лесно можете повторно да ја изгубите контролата над здравиот разум пред вашето тело навистина да има шанса да се смири. Ако навистина го изгубите трпението со вашето дете, а во близина има некој кој може да го причува на некое време, искочете, прошетајте, „оладете“… Но ако сте сами со него…

Бројте до десет и почнете од почеток

Ако забележите дека во вас се насобира лутина и гнев обидете се да го насочите фокусот на нешто друго за момент (дури и ако веќе сте стигнале до викање).

Фокусирајте се на вдишување и издишување, се разбира! Но долго вдишување и издишување. Направете го ова неколку пати, додека броите до десет. Природнатa реакција кога станувате гневни е да почнете да дишите остро и плитко, па затоа фокусирајте се на техника која ќе го смири стресот.

Бавното дишење ќе ве смири многу бргу. Можете дури и да го вежбате ова. Броењето до десет е потребно за да се осигурате дека делот од вашиот мозок кој размислува е се уште вклучен, а кој понатака може да ја ослабне лутината.

Бидете трпеливи со самите себе

Повторувајте: „Јас сум само човек.“

И ова е сосема точно. „Ако бев добар родител никогаш немаше вака да реагирам“ е илузија, делузија и конфузија. Ако никогаш не го губевте трпението и никогаш не се лутевте… тогаш би било навистина чудно. Освен ако секако немате едно од оние ретки деца кои никогаш не прават глупости. Затоа дадете си себеси малку оддишка и ослободете се од непотребната вина со афирмацијата „Јас сум само човек!“

Погледнете ја големата слика

Кога сте навистина фрустрирани и чувствувате дека сте немоќни да го вразумите малиот Демиан, лесно е да се почувствувате како вашето дете намерно се однесува така поради тоа што не го гледа светот на начинот на кој го гледаат возрасните. Поентата е во тоа што на малите деца не им е грижа што другите луѓе мислат за нив кога врескаат додека шетате низ супермаркетот.

Капацитетот да се расудува правилно и да се цени фактот што другите луѓе можеби имаат друг поглед на нештата не се развива правилно се до возраст на околу пет до седум години. А пре-фронталниот кортекс не е целосно поврзан се до 21 година! (Што објаснува зошто тинејџерите се чувствителни на се и сешто без некоја особена причина!)

Запомнете дека децата треба да бидат сосема неразумни понекогаш. Ова не е изговор за сето нивно лошо однесување, но кога трча како без мозок додека очигледно има шанси да се сопне од кабелот, само грчевито фатето и не го карајте.

Вежбајте смиреност

Кога сте соочени со голем стрес во моментот, се уште можете да „експлодирате“ без разлика на тоа какви мудри зборови сте прочитале претходно. Но ако можете да вежбате како се справувате со типични нешта кои можат да ве извадат од такт и да замислите како не го губите трпението, туку останувате смирени и имате контрола со ситуацијата, а потоа истренирајте го мозокот автоматски да ја одржува само контролата во овие моменти.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk