Како да ги негувате бебешките нокти

Некои бебиња веднаш по раѓањето имаат долги нокти, па сестрите во болница веднаш им ставаат ракавици за да не се изгребат.

Меѓутоа, кај најголемиот број на новороденчиња првото средување на ноктите треба да го направите неколку дена по доаѓањето дома.

За сечење на ноктите на бебето треба да набавите специјални ножички со заоблен врв, за да ја намалите можноста од повреда на минимум. Сечењето на ноктите најдобро е да го извршите додека бебето спие.

Држете ги прстите на бебето цврсто во својата рака, а раката потпрете ја на некоја стабилна површина. Ноктињата исечете ги кружно на рацете, а право на нозете.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk