Како да го исчистите приборот за јадење

Објавено на: Jan 02, 2017 од Мама Силвана

Прочитајте како без користење на јаки средства можете да се ослободите од флеките на приборот за јадење.

Топла вода и оцет

Наполнете сад со топла вода и оцет па во неа ставете го приборот за јадење. Оставете да отстои половина час, а потоа со сунѓер истријте и исчистите со крпа.

Сода бикарбона

Загрејте вода во поголем сад и додадете сода бикарбона, па ставете го приборот. Ако користете ладна вода, предметите во водата оставете ги неколку часа. Со стара четка за заби отстра нете ја нечистотијата.

Водата во која се варел компирот може да биде од корист

Исцедете ја водата, додадете малку оцет. Потопете го приборот а потоа со сунѓер или мека четка отсранете ги трагите на оксидација.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…