Како да го преживеете студот

Објавено на: Jan 11, 2017 од Мама Кате

Ладното време не тера во зима да поминуваме повеќе време во затворени простории, изложени на близок контакт со други луѓе. Пример за тоа се продавници, молови или ресторани. Па така, ширењето на зарази како грип или бактерии кои предизвикуваат кашлици и настинки станува многу едноставно.

Како да се заштитите?

Примарно, одржувајте ја личната хигиена на највисоко ниво. Користете антибактериски сапуни и течности за дезинфекција.

Одржувајте силен имунитет, консумирајте витамини и минерали потребни на организмот да се справи со заканите.

Студеното време ги стеснува крвните садови. Тоа го зголемува ризикот од срцев удар. Затоа, добро облечете се пред да излезете, вклучувајќи и капа, ракавици и топол капут.

Избегнувајте напори на отворено кои можат да го вознемират срцето како на пример чистење на снегот. Сувиот зимски воздух може да ја извлече влагата од нашата кожа.

Секојдневно заштитете ја кожата со крема врз основа на масло за да го блокирате испарувањето на влагата. Туширајте се со млака, а не врела вода.

Користете креми кои ќе ја одржуваат влагата во вашата кожа.

Секогаш бидете добро облечени и бидете свесни за знаците кои предупредуваат дека телото не го поднесува добро студот, како вкочанетост на вратот, рацете или нозете.

Повикајте брза помош ако се сомневате дека вие (или некој друг) имате хипотермија.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…