Како да го спречите прејадувањето

Јадете како Мис Пиги, но сакате да го третирате своето тело како храм? Можеме да ви помогнеме да се откажете од вториот ред чоколадо.

Додека јадете една или две чоколади се чувствувате неверојатно и тоа се додека не се појави мачнина. Шеќерниот удар и чувство на гадење кое доаѓа потоа може да доведе до жалење:”Зошто не престанав по првиот ред?!”. Сите ние сме виновни за повремено прејадување, но ако ви се случува тоа често, може да се работи за лоша навика. Проблем е во тоа што тоа е маѓепсан круг , бидејќи што повеќе шеќер внесувате толку повеќе ќе имате потреба од него. Како да се ослободните од лошите навики? Може да се обидете со нашите 10 совети:

SL

1.Слушајте го вашиот стомак

Вашиот мозок е побавен од стомакот и кога ќе се почувствувате полно, вашиот стомак е полн веќе одамна. Потребно е најмалку од десет до дваесет минути да се чувствувате задоволно, па земете со време да го слушнете вашиот стомак. Престанете кога ќе бидете на залак или два далеку од тоа да бидете задоволни.

2.Јадете полека и џвакајте темелно

Џвакањето е важно, бидејќи му помага на телото да ја свари храната. Тоа не ја сецка само храната на парчиња, туку зборува на вашите дигестивни сокови да ја завршат својата работа. На мозокот му дава време да ја регистрира ситоста, па џвакајте го секој залак најмалку 30 пати.

3.Одложете го приборот за јадење помеѓу секој залак

Ја натрупувате вилушката додека го џвакате последниот залак? Тоа се чини како добра идеја, но натрупувањето храна на вилушка ви олеснува побрзо и повеќе да јадете. Спуштете го ножот и вилушката и концентрирајте се на џвакање. Ќе ви даде време за разговор, а и никој не сака да изгледа како Симпсонови на убавата вечера.

4.Пронајдете ги своите опасни зони

Нашите опасни зони се забави, филмови и кујната на баба. Кои се вашите? Можете да создадете стратегија како да ги избегнете вообичаените прејадувања или да научите да кажете НЕ кога вашата баба по трет пат ви ја натрупува чинијата. Можете да каснете нешто здраво пред да одите за да не бидете многу гладни. Истражувањата откриваат дека ако се напиете вкусен пијалок 30 минути пред ручекот, ќе јадете помалку.

5.Водете дневник за исхрана

Понекогаш кога пишувате можете да се чувствувате поодговорни за себе. Ако морате да го запишете секое парче чоколадо, полесно е да изедете само неколку парчиња. Мора да се шокирате и да сфатите дека не сте добри за вашето тело кога внесувате толку калории.

6.Имате стратегија како да се вратите на добар пат

Сите ние понекогаш скршнуваме од патот, но тоа не значи дека треба да се откажете и да се помирите со тоа. Ако сте изеле два ќебапи во четири наутро во петок навечер, не значи дека можете да се прејадувате во текот на целиот викенд. Здравата исхрана не е се или ништо, па немојте тоа да го земете како изговор. Прејадување во еден оброк не е така лошо како што е прејадување во текот на целиот ден.

7.Скротете ги своите желби

Значи, тука се гладта и желбата предизвикана од емоции како стрес, досада, навика и удобност. Тоа се две сосема различни работи и би требало да научите да ги разликувате овие чувства. Тешко е да одбиете чоколадо во три наутро ако сте имале лош ден на работа, но ако почнете да размислувате:”Јас го заработив ова”, веќе сте на погрешен пат. Создавање на систем за наградување е лизгава патека, па не ја третирајте чоколадата како златен медал за преживување. Не ги лечете своите грижи со храна. Ако имате желба за лоша храна, свртете се на прошетка или дружење со пријателите и ќе помине само од себе.

8.Подобрете го својот појадок

Истражувањето објавено во “Appetite” покажало дека луѓето кои консумирале повеќе маснотии, наутро јаделе помалку во следниот оброк во однос на оние кои уживале во појадокот со еднаков број калории, но со помалку масти. Ако сте гладни по неколку часа, на појадокот можете да му додадете авокадо.

9. Напијте се вкусен пијалок

Дали сте забележале дека можете постојано да јадете слатки? Според истражувањето објавено во магазинот “Journal of Nutrition”, слатките намирници ја поттикнуваат гладта, а солените намирници ја потиснуваат. Истражувањата откриле дека луѓето кои пијат солен пијалок пред оброкот, јадат храна со помалку маснотии.

10.Не правете повеќе работи во исто време

Ако се борите да останете на висока позиција на работа, времето е за храна изгледа како луксуз кој не можете да си го приуштите. Паузата ќе ви помогне да се концентрирате и да бидете попродуктивни. Истражувањата во “Appetite” покажале дека жените кои се фокусирани на тоа што јадат, јадат помалку меѓуоброци отколку оние кои јаделе читајќи весник. Тоа е затоа што тие се чувствувале позадоволни. Зошто тогаш уште седите тука? Одете надвор на ручек!

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk