Како да го чувате млекото кое сте го измолзеле

Објавено на: Jan 10, 2017 од Мама Силвана

Мајчиното млеко, доколку е во прашање колострум, на собна температура може да стои од 12 до 24 часа.

Ако сте втората недела по породувањето и зрелото млеко (по шест недели од породувањето) ако собната температура е од 27 до 32 степени тогаш 3-4 часа или 4-8 часа доколку собната температура е од 16 до 24 степени.

Во фрижидер, мајчиното млеко се чува од 3 до 8 дена, а идеално е до 72 часа, но не во вратата на фрижидерот туку подлабоко во внатрешноста.

Замрзнато пак, може да биде и од две недели до 3-4 месеци во замрзнувач.

Ако во замрзнувачот константната температура е под 10 степени или пониска пак, млекото може да биде шест месеци но и подолго.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…