Како да добиете машко а како женско дете

Се верува дека паровите кои имаат секс почесто, имаат повисоки шанси за добивање на момче, бидејќи машките сперматозоиди живеат пократко и поголем е успехот во зачнувањето за време на овулацијата.

Во стресни времиња, се раѓа релативно повеќе девојчиња отколку момчиња. Објаснување – женски сперматозоиди се поиздржливи и почесто преживуваат повисоки нивоа на хормонот кортизол, кој се јавува кај родителите кои се под стрес.

Староста на родителите исто така може да влијае на полот на детето. Мајката и таткото постари од 35 години имаат поголема шанса да добиат девојче.

За парови кои веќе имаат две деца, научно докажано е дека постои поголема шанса да следното дете биде девојче, пишува “Дејли мјелl”.

Исхраната е важен фактор за здрава бременост, но исто така влијае на полот на бебето. Истражувањата покажуваат дека жените кои јадат повеќе калории често раѓаат момчиња.

Сезона на зачнувањето исто така може да влијае на полот на детето. Во принцип, повеќе момчиња се родени во пролет и лето, а девојчиња во есен и зима.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk