Како да му помогнете на детето во решавање на домашните задачи

Објавено на: Oct 20, 2016 од Мама Силвана

Школската година зема голем замав, а материјалот кој децата мора да го совладаат е се поголем. Ви нудиме совети како да му помогнете на детето кај учењето и пишувањето на домашните задачи.

Објаснете му на детето што не му е јасно, укажете му на можни грешки кои ги направил и поттикнете го само да ги исправи.

Немојте постојано да седите покрај детето додека учи и пишува. Важно е да знае дека сте му на располагање и дека може да ви се обрати за помош ако му затреба.

Намалете ја можноста за свртување на вниманието. Исклучете го телевизорот и другите уреди, а неговата маса нека биде уредна и чиста.

На почеток на школската година договорете се со детето во кое време ќе учи и ќе ја работи домашната задача, на пример по доаѓање од училиште или по ручање, по играње.

Пожелно е детето секогаш да учи и да ги работи домашните задачи на исто место. Самото седење тоа место создава психолошка подготвеност за работа.

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…