Како да му помогнете на детето кое има затнат нос

Носето на бебето треба да се одршува влажно и продорно.

На бебето, како и на возрасните, му пречи кога му е затнат носот, бидејки тогаш треба да дише на уста, и отежнато јаде и спие. Кога носот тече, кожичката околу станува црвена и воспалена, а бришење на носот може да биде тешко за родителите, како и за децата.

Природниот процес на прочистување на носот може да биде нарушен од повеќе фактори

Најчеста причина за затнување на носот се вирусните и бактериските настинки, но понекогаш причината може да лежи во сувиот воздух (кој се јавува поради греење на просториите) или пак недоволното внесување на течности. Дури и кога вирусите и бактериите не се причина за затнување на носот, кога веќе тоа ќе се случи, тие имаат одлична прилика да се размножуваат и да предизвикаат додатен проблем.

Затнатиот нос го отежнува дишењето

Затнатиот нос предизвикува бебето да се чувствува нелагодно, па често станува нервозно, раздразливо, послабо јаде и има потешкотии со спиењето. Доколку настинката трае подолго, поради слабиот апетит бебето може да изгуби од својата тежина и да го намали имунитетот, така што станува поподложно на инфекции, а можат да се јават и други компликации поради намалената отпорност на организмот.

Со што да го чистите носето?

Најдобро е да го чистите носот со физиолошки раствор или со спрееви во чија основа има морска вода. Во случај на настинка, најдобро е да го чистите носот што почесто и со тоа да спречите настинката да се продолжи и да се влоши.

Како да го чистите носето?

Кај малите бебиња најдобро е спрејот да го ставате додека тоа е во лежечка позиција. Кај подолемите пак многу е важно спрејот да се става во правилна позиција. Доколку сакате да влијаете на надразнетата слузница и делот каде што се наоѓаат синусите, најдобро е детето да биде во вертикална позиција. На овој начин ќе ги отворите синусите, а секретот кој се лачи ќе може да се слее нз ноздрвите, така што ќе го смали притисокот и нелагодноста која детето ја чувствува.

Совет +

Кај поголемите деца може да се послужите и со инхалација на пареа, со додаток на камилица во водата.

Капките од корен од слез исто така можат да се користат кога детето има затнат нос.

Одржувајте ја влажноста во просторите.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk