Како да му помогнете на детето со оценките

Објавено на: Oct 19, 2016 од Мама Силвана

Штом оценките ќе станат грижа, потребно е да реагирате пружајќи му соодветна помош и поддршка. А, тоа значи без притисоци ниту прогони што би значело детето да не се чувствува лошо.

Почнете така што ќе му помогнете со предмети со кои има проблеми. Тоа значи заедно да размислувате додека тоа пишува домашна работа и ќе наоѓате адекватни примери на иста тема.

Имајте на ум дека учењето може да биде забавно, на пример вклучете аудио-визуелен материјал бидејќи се покажа за корисен во пренесување на знаењето на децата.

Мотивирајте го вашето дете, поттикнете го, направете да се почувствува дека се може да научи. Верувајте во своето дете и прославувајте ги малите успеси.

Вооружете се со трпение и истрајност и апсолутно избегнувајте вие да ги решавате задачите наменети за детето бидејќи тоа нанесува повеќе штета отколку корист.

Ако сметате дека позади лошите оценки се крие некој посложен проблем од невролошка природа, како недостаток на внимание или разбирање, задолжително разговарајте со наставниците.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…