Како да му се помогне на дете со смрзнатини

Објавено на: Jan 11, 2017 од Мама Силвана
sneg-jedenje-snega-deca-zima-grudva-foto-profimedia-1451824673-816889

Дете со смрзнатини треба веднаш да се пресоблече, односно да му се соблече мократа гардероба. Деловите на  телото кои најмногу се изложени на студено, потребно е да се прекријат со сува ткаенина или ќебе.

Кај потежок вид на смрзнатини и појава на пликови, ставете стерилна газа преку нив и веднаш јавете се на лекар.Кај најтешките случаи потребна е имобилизација на смрзнатите делови.

По пресоблекување и затоплување, на детето треба да му се дадат топли пијалоци, најдобро засладени за да се надоместат електролитите. По потреба подгответе и топла купка.

На температура под -14 степени, на децата треба да им се ограничи престојот надвор, најмногу 15 минути.

Исто така децата треба да бидат соодветно облечени што подразбира топла гардероба, јакна, капа, шал, ракавици како и непропустлива гардероба.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…