Како да му ја олеснете болката на дете на кое му никнуваат заби

Растењето на млечни заби кај некои од децата поминува незабележително, но кај многу деца тој процес се одвива со голема мака и непреспиени ноќи.Родителите најпрво забележуваат дека детето е раздразливо, лошо спие, плачливо е, а понекогаш има и зголемена температура.

Но кај многу деца се јавува кашлица зголемена температура, пролив, одбива храна што потсетува на настинка. За родителите да проценат дали на детето му растат забчиња или е настинато, треба да прегледаат дали му се отечени непцата.

Доколку избивањето на забите е проследено со висока температура дајте му антипиретици, а ако има пролив давајте течности да не дехидрира.

Набавете специјални глодарки бидејќи притисокот на непцата некогаш помага.Држете ги во фрижидер, бидејќи ладната палстика го смирува воспалението.

Водете сметка се што детето треба да стави во уста, да биде беспрекорно чисто.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk