Како да намалите килограми со помош на билка

Оваа древна билка навистина помага да се изгубат килограмите и да се надмине гладот.

Потекнува од Индија, Шри Ланка и Кина и сите нејзини суплементи се продаваат во капсули.

Оваа билка е користена повеќе од 1000 години за лечење на дијабетис, дебелеење, гонореја, реума и астма. Од неодамна е популарна во САД за превенција од дијабетис и дебелеење.

Нутриционистите сметаат дека салациата спречува складирање на додатни продукти од јаглено хидратите и мастите и помага да се контолира шеќерот во крвта, затоа е погодна за луѓе со дијабетис.

Спречува да се складираат мастите. Ја стопира апсорцијат ана јаглени хидрати и така не се задржуваат масти во телото, но го елиминира и чувството на глад.

Инхибира апсорција на олигосахаридите и моносахаридите во телото како што е гликоза, сахароза, малтоза и маноза и нема пораст на шеќерот во крвта. Истражувањата покажале дека 2-5грама од салациа го намалува нивото на гликоза во крвта, холестеролот и триглицеридите, а го зголемува нивото на HDL холестерол кај пациентите со дијабетис.

Важно е да внесувате салациа во сооднос со вашата тежина, висина и старост. Најдборо е околу тоа да се посоветувате со доктор, пред да ја употребувате магичната билка. Доколку сте дијабетичар и земате лекови за намалување на шеќер во крвта пред да почнете со употреба на билката во комбинација со лековите мора да се конултирате со лекар, бидеќи може да доведе до хипогликемија. И покрај сите добри страни салациајта има и нуспојави како што се болки во стомакот, мачнина и дијареа.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk