Како да направите купка за детоксификација на организмот

Се чини ништо не може подобро да не отпушти после напорниот работен ден од топла купка, особено ако сте една од многуте преуморни мајки.
Со овој мал трик вашата топла и релаксирачка купка претворете ја во купка за детоксификација на организмот.

Во кадата со топла вода додадете една кесичка сода бикарбона, 100 мл јаболков оцет, неколку капки од етерично масло од портокоал или лаванда и 100 мл кокосово млеко.

Придобивките од оваа топла купка се тројни: детоксификација на организмот, отпуштање на затегнатите мускули на телото и сјајна и мазна кожа.

Уживајте во неколкуте минути резервирани само за вас!

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk