Како да негувате сува кожа

Објавено на: Jan 11, 2017 од Мама Кате

Една од почестите причини за посета на дерматовенеролог е сувата кожа. Бројни надворешни и внатрешни фактори доведуваат до намалена количина на вода и маснотии на површината на кожата, при што се нарушува нејзината функција. Доаѓа до уште поголема загуба на вода од кожата кон надворешната средина, а во обратна насока, во кожата полесно навлегуваат алергени и микроорганизми кои дополнително ја влошуваат состојбата и водат до поголема сувост и затегнатост, перутање, чешање, па дури и појава на црвенило, односно воспаление на одредени места. Сите овие промени, а особено постојаниот или периодичен јадеж, видно го вознемируваат пациентот!

Правени се бројни обиди со локална терапија да и се помогне на кожата. Пред повеќе од 80 години, резултатите од експериментите со уреа довеле до зголемување на употребата на уреа во дерматотерапијата и негата на кожата, кога креми за раце со уреа почнале да се препорачуваат за егзем. Искористувајќи го претходното искуство, научниците на Еуцерин направија линија на производи кои ги задоволуваат индивидуалните потреби на сувата кожа, со помош на уникатната комбинација на активни состојки во нив. Уреа е главната активна состојка, по која и целата палета на производи го добила името. Таа претставува еден од најважните крајни производи во метаболизмот на протеините и се наоѓа во речиси сите телесни течности. Уреата се смета за еден од најважните и најмоќни природни хидратантни фактори (ПХФ) на кожата. Нејзиниот ефект во производите е засилен со додавање и на други ПХФ-и, па така имаме уште поголема задршка на вода во кожата.

Заради намалената функција на лојните жлезди во производите има ставено и церамиди. Церамидите се природна состојка на кожата, која видно ја подобрува бариерната функција на кожата. Освен претходно наведените активни состојки, во лосионите за нега на кожата на телото има и глуко-глицерол, супстанција која ја активира аквапоринската мрежа и овозможува оптимална хидратација на кожата во длабочина.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…