Како да одберете дадилка

*Бебиситерката не смее кон вашето дете да применува образовни принципи различни од вашите ( на пр. Ако вие не дозволувате детето да јаде слатко пред ручекот, тоа никако не смее ни бебиситерката да го дозволи ).

*Ако нешто не знае, охрабрете ја да ве праша. Всушност, таа вашето дете сеуште го запознава и не може да ги знае неговите особености доколку не ја информирате. Сепак, доколку се чуствува несигурно а сака на вас да ви остаи добар впечаток, можеби ќе избегне да ви поставува било какви прашања. Затоа вие превземете потполна иницијатива во информирањето на бебиситерката за сите релевантни информации за вашето дете.

*Прашајте ја за важни “ситници” како што се : која е омилената играчка на вашето дете, во која положба најдобро спие, што смее а што несмее да јаде и пие, во која положба најдобро се смирува… Таа мора да ги знае и местата за пресоблекување, храна, цуцла. Не заборавајте на нејзе да и кажете дека вашето дете има некои посебни карактеристични навики или потреби.

*Во секој случај, бебиситерката во своето семејство воведете ја постепено. Бидете присутни додека додека ги учи основните “операции” како што се пресоблекување или хранење. Дозволете да биде самостојна.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk