Како да одберете идеална четка за заби

Сите знаеме колку е важно одржувањето на хигиената во устната празнина, но дали сте знаеле дека покрај конецот за заби и течноста за плакнење подеднакво е важно да одберете соодветна четкичка за заби за вашите потреби.

Треба да обратите внимание при изборот на четкичката за заби, особено на дебелината и мекоста на влакненцата на истата, но и на главата на четкичката.

1. Големина на четкичката

Една од најважните работи при изборот на четкичка за заби е големината на главата. Треба да внимавате и да изберете четкичка која ќе допре до сите површини на устната празнина. Постојат и четкички со големи глави, но со нив не можете да ги исчеткате катниците, па затоа би требало да изберете четкичка со средна величина, или помала за да можете да ги исчеткате сите заби.

2. Острина

Како што имате приметено постојат три врсти на мекост: тврди, медиум и меки влакненца. Во зависност од стоматлошките проблеми кои ги имате изберете која острина најмногу ви одговара. Меките се попогодни за децата, постарите лица и оние кои имаат проблем со непцата.

Иако четкичките со меки влакненца се најчесто препорачувани од страна на стоматолозите, медиум и тврдите четкички најчесто се продаваат. Многу е важно доколку користите една од овие типови на четкички да внимавате при четкањето бидејќи можете да ја оштетите забната глеѓ.

3. Материјалот на влакната

Иако денеска приматот е кај пластичните четкички за заби со вештачки влакненца и понатака најдобри се четките со природни влакненца.

4. Тип на четкичка

Иако електричната четкичка за заби дава подобри резултати при миење на забите, сепак обичните четкички се тие кои масовно се користат. Многу е важно да знаете како да ракувате со нив и да правите правилни движења бидејќи само на тој начин ќе ја одржите хигиената на устната празнина.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk