Како да подготвите горичка шницла

Објавено на: Jan 11, 2017 од Мама Ане

Вистински деликатес од телешко месо.

Потребни состојки:

750-800 гр. телешки бифтек
200 гр. кашкавал
120 гр. шунка
масло за јадење
сол и црн пипер

Начин на подготовка:

Бифтекот се сече на шницли. Секоја шницла се истолчува, се посолува и пече на скара. Саламата и кашкавалот се потпечуваат малку. Се сервира во овал и тоа по следниот редослед: прво шницлата, потоа саламата па кашкавалoт. Се става во рерна да се потпече додека се стопи кашкавалот. Се гарнира по вкус сo разни варива.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…