Како да подготвите зелен сос

Додадете екстра витамини и минерали во вашиот оброк комбинирајќи ја храната со овој превкусен зелен сос.

Потребни состојки:

300 гр мајонез

200 гр чистен спанаќ

20 гр чистен магдонос

10 гр чистен босилок

10 гр чистен тaрагон

10 гр зелениот дел од млад кромид

10 гр ситен црвен благ кромид, исечкан на тенки листови

350 мл вода

Начин на подготовка:

1Во блендер помешајте го магдоносот, билките, кромидот и водата.

2Уклучете го блендеротна најниска брзина и “матете” 1 минута.

3Покачете то максимална брзина на машината и “матете” уште 1 минута.

4Ставете чиста газа врз ситно сито и истурете ја зелената маса (хлорофил).

5Оставете да се цеди самото по себе 10 минути.

6Со лажица притиснете ја преостанатата маса за да го исцедите остатокот од сокот низ ситото.

7Оваа маса ставете ја на тивок ога и повремено мешајте со дрвена лажица

8Пред самото зовривање, тргнете го хлорофилот од оган и повторно исипете го врз чиста газа и сито

9Оставете 20 мин да се цеди

10Со лажица соберете го преостанатиот хлорофил од газата и префрлете го во подлабок сад

11Додајте го мајонезот и убаво изматете додека добиете свиленкаста маса

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk