Како да подготвите оригинална лесковачка плескавица

И во удобноста на својот дом уживајте во вкусот на оригиналната лесковачка плескавица.

Потребни состојки:

  • мала лажица црн пипер
  • малку сол
  • 700 грама свинско мелено
  • 2 лути пиперчиња
  • 100 милилитри масло
  • 100 грама кромид
  • 50 милилитри кајмак
  • 1 лажица дафинка
  • 1 главица лук
  • 300 грама јунешко мелено

Начин на подготовка:
Кромидот и феферонките измешајте ги со месото, додадете лук, црн пипер, зачинска сол, и сол па сè измесете во хомогена смеса.
Од подготвената смеса обликувајте плескавици дебели 1 см. Печете ги на скара или пржете во тефлонско тавче на малку масло. На испечените плескавици, додека се уште топли, ставете по една лажица кајмак и веднаш послужете.
Месото е убаво измесено кога ќе се одвојува од рацете.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk