Како да подготвите превкусна божиќна погача

На Божиќ, денот на Христовото раѓање, завршува долгиот божиќен пост. Домаќинките подготвуваат богата мрсна трпеза. Ви предлагаме како дел од вашата богата трпеза да ја направите оваа прекрасна божиќна погача.

Потребни состојки:
– еден свеж квасец
– еден килограм брашно
– три јајца
– половина литар млеко
– две кафени лажички сол
– една кафена лажичка шеќер
– маргарин

Начин на подготовка:

Од горенаведените состојки , освен маргаринот , замесeте меко тесто.
Поделете го на три дела и оставете го да стаса.
Од едниот дел од тестото направете плетенки, од кои едната поголема плетенка ќе ја стиснете со сукало и ќе ја обвиткате тавата во која ќе ја печете погачата. Останатите плетенки исечете ги на помали парчиња.
Од другите два дела исукајте кора и свиткајте ја како ролат. Пред да ја свиткате кората премачкајте ја со маргарин. Потоа исечете мали парчиња од свитканата кора.
Редете ги парчињата тесто како што е прикажано на сликата.
Кога ќе ја наредите, погачата премачкајте ја со жолчка.
Печете ја на 200 степени околу половина час.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk