Како да подготвите сос од домати

Периодот за подготовка на зимницата започна. Ви предлагаме да подготвите вкусен сос од домати за чија подготовка ќе ви бидат потребни околу дваесетина килограми црвен домат.

Сомелете ги доматите на специјална машина што ги одделува семките и лушпата. Така сомелени ставете ги да се варат и варете ги 40 минути од како ќе зовријат. По варењетo сипајте ги во претходно загреани шишиња. Секое шише завиткајте гo во весник. Наредете ги шишињата во картонска кутија и завиткајте ги со ќебе за да се ладат постепено. Оставете ги да стојат 24 часа и потоа ставете ги со останатата зимница. Се употребува како додаток за јадења и за припремање на пица. Може да се пие како сок со додаток на сол и црн пипер по вкус.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk