Како да познаете дали партнерот ве изневерува

Иако мислиме дека доволно добро ги знаеме нашите партнери за да препознаеме доколку не изневерат, понекогаш знаците кои тие ги даваат, можат да бидат погрешно разбрани од наша страна.

Прочитајте ги овие факти за да бидете одлично подготвен детектив кој може да ја распознае разликата помеѓу неверство и заблуда.

Мажите кои ги изневеруваат своите партнерки се несреќни во врската и бракот?

Неточно!

Според истражувањето на Д-р Хелен Фишер при универзитетот Рутгерс, 56% од мажите кои извршиле прељуба биле среќни во бракот. Додека пак кај жените процентот е намален на 34%.  Желбата за поминување време со друга личност кај мажите потекнува од сексуалната мотивација, а многу ретко преземаат ваков чекор поради емотивни чувства.

Зошто жените вршат прељуба?

Најголемата причина поради која една жена ќе го изневери својот партнер е осаменоста. Кај мажите и жените причината поради која вршат прељуба е различна. Ако кај мажите главен поттик за да ја изневерат својата партнерка е сексот, кај жените е емотивната поврзаност. Жените имаат поголема тенденција на остварување емотивна врска со својот љубовник. Важно е тие да се чувствуваат сакани и облеани со внимание и нежности, па затоа бараат повеќе страни од каде може да ги добијат овие емоции.

Прељубата е главна причина за развод?

Неточно!

Неверството е главна причина за раскинување на многу врски, но не и за распаѓање на многу бракови. Браковите најчесто се распаѓаат поради недоволна комуникација помеѓу партнерите.

Треба да разговарате со вашиот партнер ако се сомневате дека ве изневерува?

Многу е важно да разговарате со вашиот партнер ако се сомневате дека ве изневерува, па дури и да немате докази за тоа. Потребно е да ја зајакнете вашата комуникација и доверба за да може врската да опстои.  На овој начин дури и вашиот партнер да имал намера да го стори тоа, ќе го натерате да размисли и да се запраша дали навистина му е потребна друга личност.

Ако мажот заработува повеќе пари од својата партнерка, веројатноста да ја изневери е поголема?

Точно!

Мажите кои заработуваат повеќе имаат поголема самодоверба и си дозволуваат повеќе, а тоа „повеќе” значи уште една жена во својот кревет.

Колкав процент на мажи признаваат дека имале љубовна афера?

Само 25% од мажите им признаваат на своите партнерки дека имале љубовна афера и сакаат да разговараат со нив за да им опстои бракот или врската.

Колкав процент на жени признаваат дека имале љубовна афера?

Жените се потаинствени од мажите. Само 15% од нив признаваат дека имале љубовна афера.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk