Како да се изборите со желудочните киселини во бременоста

Честите и помали оброци кои не го преоптоваруваат желудникот се еден од најефикасните начини како да се справите со зајакнатото излачување на желудочната киселина во текот на бременоста.
Конзумирајте здрави и лесно сварливи оброци богати со намирници како што се житарките, овошјето и зеленчукот.

Семенките во комбинација со млечен напиток се исто така добредојден оброк.

Сепак, внимавајте последниот оброк во текот на денот да го конзумирате два часа пред да заспиете.

Внесете доволно течности во организмот. Оптимална количина на течности е 2,5 литри секој ден. Сепак, не е пожелно да пиете течност во текот на оброкот бидејќи на тој начин го успорувате процесот на варење на храната.

Јадењето во исправена положба може да помогне. Избегнувајте ги полуседечките или лежечките положби додека поткаснувате нешто, дури и час по јадењето.

Стимулирајте ја работата на дигестивниот систем со умерена физичка активност, секако доколку вашиот лекар смета дека таа е дозволена. Не јадете еден час пред да бидете физички активни.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk