Како да се ослободите од песокот после плажа

Објавено на: Aug 15, 2016 од Мама Силвана

Колку и да уживате на песочните плажи, песокот може да ве нервира кога ќе ви се залепи на косата, ушите и телото.

Коса

Кога ќе се вратите од плажа, добро истресете ја косата и исчистете го темето. Потоа исчешлајте ја со чешел со тенки запци и измијте ја.

Тело

Ако не сте во можност да се истуширате, на деловите на кои песокот се задржал нанесете пудра за бебиња на мокра или на сува кожа, па отстранете го со пешкирот.

Уши

Песокот од уши лесно отстранете го со тресење на главата. Не употребувајте чепкалки.

Мобилен телефон

Ако песокот влезе во мобилниот телефон извадете го со четка за заби.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…