Како да се расположите во депресивната есен

Деновите се пократки, времето се расипува, а со тоа се расипува и расположението и чувствуваме недостаток на енергија.

Но, тоа не е се – промената на годишните времиња влијае и на одредени процеси во нашиот организам, а за тоа е одговорна еволуцијата.

Еве какви промени може да очекувате во есен:

Опаѓање на коса

Немојте да се загрижите ако забележите дека косата ви опаѓа повеќе од обично, тоа е природен циклус. Во еден момент 90 отсто од нашата коса расте, а остатокот е во мирување (таканаречена телогенска фаза) која трае меѓу два и шест месеци, за потоа да започне да опаѓа.

Значи се работи за природен процес во три фази – раст, мирување и опаѓање.

Кај жените, како што велат научниците, мирувањето на косата се случува во јули, а оваа фаза завршува три месеци подоцна и косата започнува да опаѓа од октомври.

Едно од логичните објаснувања за оваа појава се еволуциските прилагодувања, во лето косата е неопходна за да ја заштити кожата на главата од сонце.

Во есен паѓа и нивото на витамин Д, бидејќи има се помалку сончеви денови, а тоа може да доведе и до значително опаѓање на коса, неуредна менструација и други промени.

Кога на тоа ќе го додадете и фактот дека секоја четврта жена има недостаток на железо, што го зголемува ризикот од анемија и опаѓањето на коса, станува јасно.

Овде во прилог оди и тоа што 10 отсто до жените не внесуваат доволно јод во организмот, што влијае во работата на тироидната жлезда и тоа исто така доведува до опаѓање на коса.

Што да направите? Јадете продукти богати со протеини и внесувајте доволно вода.

Кожата е сува

Воздухот станува поладен и посув, а ни греењето, посебно централното, не влијае добро на кожата.

Внесувајте повеќе вода, а можеби би требало да пробате и некоја „појака“ похранлива крема за лице, наместо вообичаените креми користете серуми со хијалуронска киселина, бидејќи тие помагаат кожата да ја задржи влажноста.

Јадете зелено овошје, бидејќи е добар извор на витамин Ц, како брокули, цитрони, а на вашата маса барем три пати неделно би требало да се најде и риба (скуша, лосос).

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk