Како да си ги олесните болките за време на породувањето

 

Навистина, без разлика колку и да е неподнослива болката за време на породувањето, веднаш се заборава на неа кога за прв пат ќе го погледнете вашето чедо.

Многумина мајки се одлучуваат за природно породување без при тоа да бидат третирани со лекови кои би ја ублажиле болката. Но, доколку за време на породувањето се предомислите нема ништо лошо во тоа. Доколку побарате епидурална анестезија тоа воопшто не го намалува мајчинството во вас.

Сепак, ако сте цврсто решени да биде свесни за секој момент од породувањето вклучувајќи ја и болката, тогаш обидетете се на природен начин полесно да се справите со неа.
Свесноста за постоењето на болката е првиот чекор. Понатаму потребно е вие самите да делувате од аспект на олеснување на болката.

Обратете внимание на благотворните дејства на топлината. Топлината на неверојатен начин ги релаксира мускулите и може да помогне во олеснувањето на болката особено во првичните фази од породувањето. Користете термофор со топла вода, загреана сол или пченица така што ќе ги лоцирате во пределот на препоните во периодот кога контракциите се на самиот почеток.
Престојувањето во када или базен со топла вода исто така може да ви помогне да се отпуштите и да придонесете контракциите да имаат помал интензитет на болка. Токму поради овој факт многу жени низ светот се одлучуваат на породување во вода.

Дишете правилно за време на породувањето. Фокусирајте се на вашето дишење на тој начин што ќе земате длабок здив преку носот а низ устата ќе издишувате. Вдишувајте длабоко кога контракцијата започнува и издишувајте полека додека таа трае. Ритмичкото дишење го снабдува организмот со доволна количина на свеж кислород и овозможува мајката полесно да се соочи со болката за време на породувањето.

Никогаш не ја потценувајте моќта на земјината тежа. Завземете удобна позиција додека траат контракциите, но драстично ќе го намалите времето на породување доколку се потрудите поголемиот дел од времето да клечите или стоите.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk