Како да си помогнете ако ви излезе јачмен

Јачмен е вид на очна инфекција која се појавува на очните капаци и може да биде надворешна или внатрешна. Постојат различни симптоми на инфекција, од создавањето на мали грутки до пецкање во очите. Иако постојат различни медицински лекови за оваа инфекција, исто така, постојат и сосема природни начини да се ослободите од неа.

1. Компир

Компирот е многу погоден за третирање јачмени бидејќи дејствува антивоспалително. Можете да го нанесете во кришки директно на јачменот или да направите паста со малку вода. Оваа паста со сигурно ќе ги намали отокот и болката.

2. Краставица

Краставицата делува антивоспалително, и веднаш по нанесувањето ќе ви ја намали иритацијата. Во себе содржи витамин К, Ц, Б1, калиум и биотин кои ќе помогнат во елиминацијата на очниот проблем.

3. Белка од јајце

За да го третирате јачменот, потребно е прво да ја одвоите белката од жолчката. Потоа ставете ја белката на чиста крпа и нанесете ја на инфицираниот дел од окото. Оставете да отстои, а потоа исплакнете. Повторете го овој метод минимум 3 пати за да видите резултати.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk