Како да ја намалите изложеноста на алергени ако вашето дете е алергично на полен

Ако вашето дете има симптоми на алергија во текот на целата година, без разлика на годишното време или местото каде се наоѓа, тогаш ваша задача е колку што можете да ги намалите можностите за појава на алергиска реакција.
Сепак, тоа може да биде навистина тешка задача.

Ако вашето дете е алергично на полен можете да ги превземете следниве мерки за да ја намалите изложеноста на алегените:

– Останете во домот за време на ветровитите денови
– Избегнувајте го престојот надвор додека цветаат овошките поради високата концентрација на полен
– Не дозволувајте на детето да се игра во близина на висока трева или цветови
– Со повремено проветрување, држете ги затворени прозорците во сезоната на цветање
– Перете ја облеката ( вклучувајќи ги и јакните ) што почесто
– Бањајте го детето и задолжително измијте му ја косата пред спиење
– Не сушете ја облеката надвор
– Употребете посебен антиалергенски филтер ако користите клима уред
– Концентрацијата на полен е највисока доцна претпладне и рано попладне. Ограничете го престојот на вашето дете надвор во тој временски период.
– Доколку користите клима уред, одберете ја опцијата за рециркулирање на воздухот
– Не садете цвеќиња во близина на прозорците и не чувајте свежо набрано цвеќе во домот

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk