Како да ја убиете желбата за слатки

Овие здрави намирници ќе ја задоволат вашата дневна потреба за шеќер, а притоа нема да му наштетат на вашето здравје. Шеќерот во прехранбената храна предизвикува побрз раст, но и брз пад на гликозата во крвта, а тоа создава поголема потреба за слатки и така се запаѓа во магичниот круг. Намалете ја потребата за шеќер така што ќе ги јадете овие намирници.

1. Јаболко
Ова можеби е најдоброто овошје за задоволување на желбата за слатки. Нема потреба да го лупите, бидејќи во неговата лушпа се кријат голем број витамини. Дури и киселите јаболка содржат многу здрави јаглехидрати. Ова овошје е богато со прехранбени влакна, кои даваат чувство на ситост и го намалуваат гладот.

2. Домат
Доматот е делотворен против желбата за шеќер, бидејќи содржи големо ниво на триптофан – материја која телото ја претвора во серотонин. Овој плод е богат и со хром, минерал кој ја намалува желбата за храна и го регулира нивото на холестерол и гликоза во крвта.

3. Пченка
Пченката е уште една намирница која може да ви помогне во „одвикнувањето од шеќерот“. Посебно добро ја потиснува желбата з слатко кога е зготвена. Богата е со антиоксиданси, витамини, минерали и прехранбени влакна. Освен желбата за шеќер ја намалува и желбата за глад.

4. Сладок компир
Уште еден зеленчук кој може да ви помогне е слаткиот компир. Оваа намирница нема само да ја задоволи вашата потреба за слатки, туку и додатно ќе му обезбеди на организмот витамини Ц, Д и Б6. Хранливите материи во слаткиот компир може да ги спречат болестите на срцето, ракот и други дигестивни проблеми.

5. Цимет
Циметот е фантастичен зачин кој има извонреден мирис и вкус, па може да го додадете во многу јадења. Циметот одлично помага против желбата за слатки. Овој зачин ги спречува ненадејните осцилации во нивото на гликоза кои придонесуваат за желбата за слатки и со тоа ја одложува потребата за внесување нова порција шеќер.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk